Search
Close this search box.

Економија и бизнис

Општина Кисела Вода е една од најголемите индустриски зони во градот Скопје со значителен континуиран подем во последните 5 години. Трите водечки дејности кој го потикнуваат развојот на економијата во општина Кисела Вода се градежништвото, трговијата и угостителството. Во руралниот дел од Општината застапено е земјоделството. Според последниот попис од 2021 година (Државен Завод за Статитика, попис од 2021 (https://popis2021.stat.gov.mk/ ) во Општина Кисела Вода година има 2,893 активни деловни субјекти. Најголем дел од нив се микро деловни субјекти и истите изнесуваат 62% од вкупниот број на деловни субјекти. Малите деловни субјекти изнесуваат 35%, а средните 2% од вкупниот број на деловни субјекти. Во Општината има 25 големи претпријатија со повеќе од 250 вработени.

Општина Кисела Вода е една од општините кои го сочинуваат град Скопје. Општината се протега на површина од 46.86 км², зафаќа делови од Скопската котлина од десната страна на реката Вардар и е дел од Скопскиот Плански Регион со специфичен комбиниран состав на урбано – рурална општина (57% урбан дел – 26,69км² и 43% рурален дел – 20,17км²). Во состав на Општината се наоѓаат 11 населени места: Кисела Вода, 11 Октомври, Цветан Димов, Чешма, Бирарија, Црниче, Пржино, Припор, Пинтија, Драчево и Усје, од кои две населени места се рурални: Населеното место Драчево[1] (кое се состои од Драчево 1 со 1.22км² кое е урбано населено место и  село Драчево или Драчево 2 со 14.77км² кое е рурално населено место)[2] и Усје[3] (со површина од 5.4км²)[4].

На територијата на општина Кисела Вода, како организациона форма на граѓаните, функционираат 15 месни заедници (МЗ). Ова е обележје на заедницата преку кое општината е препознатлива и се карактеризира со исклучително високо ниво на демократија, отчетност, транспарентност и видливост, каде постојано е земен предвид гласот на граѓаните.


[1] Листа на рурални подрачја во РСМ, Одлука на Влада од 04.07.2017

[2] Агенција за катастар на недвижности на РСМ

[3] Листа на рурални подрачја во РСМ, Одлука на Влада од 04.07.2017

[4] Агенција за катастар на недвижности на РСМ

Споделете:

Scroll to Top