Search
Close this search box.

Енергетската обнова на ОУ “Партенија Зографски” од Кисела Вода наградена со престижната награда на Енерџи глоуб

Престижната интернационална награда на фондацијата Енерџи глоуб, која секоја година се доделува за најдобрите светски еколошки проекти, годинава му припадна на проектот Енергетска обнова на ОУ “Партенија Зографски” од општина Кисела Вода. Жири комисијата составена од висок тим од светски  експерти , одлучи дека од пристигнатите 1000 проекти од преку 120 земји, националната награда годинава ќе му ја додели на Славко Митовски, советник во одделението за енергетска ефикасност и обновливи енергетски извори во општина Кисела Вода.

ОУ “Партенија Зографски” е изградено во 1958 година. Енергетската обнова е извршена во 2012 година. Конкретно, воведен е енергетски менаџмент (управување, регулација и мониторинг на испорака) на топлинска енергија, додека втората мерка е извршување на енергетска обнова на обвивката на зградата на училиштето. Целокупната инвестиција чинеше 109 000 евра. Финансиски средства кои ги обезбеди општина Кисела Вода во соработка со Светска Банка-ГЕФ проект за енергетска ефикасност  и кои се повратија за само 1.9 година, поради тоа што финансиските заштеди од воведените мерки на годишно ниво изнесуваат 57 000 евра годишно. Она што е уште поважно,  е заштедата на топлинска енергија од  316 000 КWh и намалувањето на емисија на CO2 во атмосферата од 84 тони годишно.

Церемонијата за доделување на наградата на фондацијата Енерџи глоуб со седиште во Австрија, ќе се одржи на 27ми мај. 

Споделете:

Scroll to Top