Јовица Ефтовски е нов претседател на Општинскиот сојуз за училишен спорт на општина Кисела Вода. Ова е одлуката на членовите на новото Собрание на Општинскот сојуз за училишен спорт.
Собранието се одржа денеска во големата општинска сала и на истото учествуваа директорите на основните училишта, професорите по физичко воспитување, членови на општинската администација и други гости.
Инаку, Општинскиот сојуз за училишен спорт, по пауза од 5 години, се реактивира по иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски, кој истакна, дека, спортувањето и навиките за здрав живот се потреба на секој ученик.
– Спортскиот тренажен процес започнува уште од училишните клупи. Тука се прават и првите селекции, а дека Општината е расадник на спортски таленти, покажуваат бројните спортски великани кои потекнуваат токму од нашата Општина и токму преку училишниот спорт ги започнале првите чекори во спортот. Сигурен сум, дека, со помош на ангажираноста на професорите по физичко воспитување, условите што ќе ги обезбеди Општината, учениците во идниот период безгрижно ќе можат да спортуваат и да постигнуваат успешни спортски резултати, – меѓу другото потенцираше градоначалникот Филип Темелковски.
По предлог на еден од основачите на Општинскиот сојуз за училишен спорт Тони Чупоски, за нов претседател на Сојузот е избран професорот по физичко воспитување Јовица Ефтовски.
-Ќе се залагам за унапредување на училишниот спорт во Општината и се надевам дела заедно со моите колеги ќе успееме успешно да одговориме на оваа дадена обврска, – изјави Јовица Ефтовски, кој притоа формира работно тело кое во краток период ќе има задача административно да го реактивира Општинскиот сојуз за училишен спорт.