Search
Close this search box.

Желби за ,,плеј-оф“ завршница

Во неделава што изминува, се одиграа натпреварите од претпоследното 6-то коло од училишниот спорт во мал, фудбал, кошарка и одбојка.

Во фудбалската лига, најубедлива победа забележаа фудбалерите на ОУ “Кузман Јосифовски Питу”.  Избраниците на тренерот  Мандевски  со резултат од 5:1 славеа над  ОУ “Партеније Зографски”. Висока победа од 4:0 остварија и ,,Драчевци“.  Овде, екипата на ОУ ,,Кузман Шапкарев“ беше поуспешна од годинава, најголемото разочарување ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“. Во останатите две средби се постигнаа следните резултати: ОУ “Круме Кепески” –  ОУ “Св. Климент Охридски” 1:0, ОУ “Невена Георгиева Дуња” – ОУ “Рајко Жинзифов” 1:1.  На табелата во водство е ОУ “К.Кепески” со 15 бода пред  ОУ “Р.Жинзифов” со 13 бода и натпревар помалку и ОУ “К.Ј.Питу” 12 бода и два натпревари помалку. За четвртата позиција која обезбедува пласман во плеј-офот во директен дуел во последното коло ќе одлучуваат ОУ “Кузман Шапкарев” и ОУ “Невена Георгиева Дуња”.

 

Во одбојкарската лига, пак,  во претпоследното 6-то коло се постигнаа следните резултати: ОУ “П.Зографски” – ОУ.”К.Ј.Питу” 0:2, ОУ “Н.Г.Дуњ”а– ОУ “Р.Жинзифов” 2:1, ОУ “К.Кепески” – ОУ.”Св.К.Охридски” 0:2 и ОУ” К.Шапкарев” – ОУ “К.Пејчиновиќ” 0:2. ПЛасман во ,,плеј –офот“ обезбедија екипите на ОУ “Св.К.Охридски”, ОУ  “Н.Г.Дуња”, ОУ “К.Пејчиновиќ”, додека патникот за четвртата позиција ке се добие во последното 7-мо коло, конкуренти се  ОУ “К.Ј.Питу” и  ОУ  “П.Зографски”.

Слична разврска има и во кошаркарската лига. Овде ОУ  “Н.Г.Дуња” е неприкосновена со максимален учинок од 6 победи. Последната остварена над ОУ “Св.К.Охридски” 66:25, со резултат 58:29. Во преостанатите три средби се постигнаа следните резултати: ОУ “К.Ј.Питу”- ОУ “К.Пејчиновиќ” 27:40, ОУ “К.Кепески” – ОУ “Р.Жинзифов” 33:44 и ОУ “К.Шапкарев” – ОУ  “П.Зографски” 21:32.

Споделете:

Scroll to Top