Search
Close this search box.

Започна Купот на Кисела Вода „Св Ѓорѓи“, ќе се игра одбојка, кошарка и футсал

Денес започна Купот на Кисела Вода „Св Ѓорѓи“. На овој куп учествуваат ученици од основните училишта од  скопските општини: Центар, Кисела Вода, Аеродром и Бутел.

Учениците ќе се натпреваруваат во повеќе спортови, ќе играат одбојка, футсал и кошарка. Имено, за почеток на купот во спортската сала „Независна Македонија“ се одиграа два одбјкарски натпревари. На првиот ученичките/одбојкарки од Општина Центар ги надиграа девојките од Аеродром, со резултат 2:0 (25:20, 25:15). Додека, на вториот силите на теренот ги одмерија ученичките од Кисела Вода и Бутел. Натпреварот заврши со резултат 2:0 (25:15, 25:15). Финалните натпревари во одбојка ќе се одиграат наредната работна недела. Во понеделник со почеток во 13:00 часот во спортската сала „Независна Македонија“ за трето место ќе играат екипите од Аеродром и Бутел, а во 14:00 часот за прво место ќе играат ученичките/одбојкарки од Кисела Вода и Центар. 

Купот кој е во организација на Општина Кисела Вода ќе продолжи да се одвива и во текот на наредната работна недела. Во вторник и среда ќе се игра футсал и кошарка. На најуспешните екипи ќе им бидат доделни пехари и медали.

Споделете:

Scroll to Top