Search
Close this search box.

Засадени садници по повод Денот на пролетта

 Денот на пролетта, 21 март се одбележа и во Општина Кисела Вода.

 

Во дворот на ООУ ,,Партенија Зографски”, денес беа засадени садници Садниците беа обезбедени како донација од ПШС ,,Караџица“ – Скопје, со што се овозможи училишниот двор да се оплемени со зеленило. Учениците кои ги засадија садниците им се заблагодарија на донаторите.

Оваа акција е само почеток на понатамошните активности за уредување на зеленилото во училишниот двор и ентериерот во училишната зграда на ООУ ,,Партенија Зографски”, а вакви и слични активности ќе се изведуваат и во останатите училишта на територија на Општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top