Search
Close this search box.

За првпат жителите на Усје добија градинка

Завршени се градежните активности на објектот кој ќе го носи името “Симба” и ќе функционира во состав на ЈДГ “Весели Цветови”.

Се работи за градинка кој се протега на 350 квадратни метри во кои има занимални, јасли, соба за изолација, простории за персоналот, два тоалета од кои еден е за деца со посеби потреби, а во подрумските простории ќе функционира перална.

Се работи за обејкт кој во огромна мера придонесува за реализација на ветеното- во општина Кисела Вода, повеќе да нема листи на чекање за упис на децата во градинка, нешто што е планирано да се случи до крајот на пролетта, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски на сечењето на лентата.

-Денес сме тука на ставањето во функција на новата детска градинка во Усје, како едно убаво предновогодишно исполнување на моето ветување дадено уште во предизборието. Јас, тогаш се обврзав дека заедно со мојот тим, целосно ќе го решам горливиот пролем со наследената листа на чекање на деца за упис во градинка на која имаше дури 420 дечиња.Морам да истакнам дека годинава што изминува, ова ни е втор ваков објект што го ставаме во функција и во моментов, на листата на чекање имаме помалку од 80 дечиња. Исто така, работиме на уште еден објект, “Кокиче” кој по проширување и адаптацијата, на пролет ќе може да прими 150 дечиња. Ова ми дава право, со гордост да потенцирам дека со нашите заложби во изминатата година успеавме во намерата до пролет овој децениски горлив проблем со згрижувањето и негата на нашите најмлади да биде целосно решен. Овој објект кој веќе од средината на јануари ке започне да ги згрижува децата, во главно од населбите Усје, Градинар, Стаклара, има капацитет од околу 100 дечиња, изграден е по сите стандарди, ги исполнува сите услови и претставува првиот целосно инклузвен објект од овој тип во општина Кисела Вода. Опремен е по сите стандарди и претставува вистински украс во населбата Усје. Од еден руиниран објект кој беше старо училиште во минатото, успеавме да направиме објект со кој и ние и нашите сограѓани овде се гордеат-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Додаде дека покрај градинката, Усјанци добиваат и целосно обновена патна инфраструктура.

-Освен нашите активности поврзани со овој објект, се уште не сме финиширале, но како што можевте да забележите, во тек е градежната офанзива околу изградбата на нови улици која се одвива овде, во Усје. Како што се обврзав пред моите сограѓани, до крајот на пролетта сите улици во Усје ќе бидат асфалтирани, најголем дел и сега се асфалтирани, но она што остана до крајот на пролетта ќе биде завршено. Во изминатиот период направивме и една целосна реконструкција на детско катче, што е уште една потврда на нашиот концепт – да се движиме од населба во населба, да ги опремуваме населбите и  да го реализираме сето она што години наназад, за жал не било реализирано. Јас сум лично задоволен од сработеното особено од овој објект, за кој сакам да истакнам дека е целосна инвестиција на Општина Кисела Вода, на што како тим, сме многу задоволни-додаде Ѓорѓиевски упатувајќи благодарност за ангажманот и добрата соработка на директорката, како и на Советот на Општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top