Search
Close this search box.

Значењето на водите и мерки за користење и заштита

Водата претставува еден од најважните медиуми во животната средина, истата е ограничен и основен ресурс, неопходен за одржување на животот, со кој што се обезбедува социјална благосостојба, економски просперитет и здравје на екосистемот.

Согласно Правилникот за безбедност на вода за пиење, како и Европските директиви од оваа област, дефинирана е потребата од вода на 50лит/ден /човек со тенденција да се подигне на 200лит/ден/човек, како минимална потреба. Реалните потреби за вода се уште поголеми и тоа 300-400лит/ден/човек.

Согласно Законот за води, урбаните отпадни води и индустриските отпадни води е потребно соодветно да се третираат пред испуштањето во реципиентот (река или отворен канал). Доколку испустот се врши во реципиент река или отворен канал, истиот мора да ги задоволи критериумите за испуст, согласно категоризацијата на водотеците пропишани со Уредба за класификација, категоризација на водотеците.

Секое испуштање на индустриски отпадни води, треба да се врши под услови и на начин определен со дозволата за испуштање односно, интегрираната еколошка дозвола согласно Закон за животна средина. 

Индустриските објекти се најголеми потрошувачи на вода, која се користи како технолошка вода, за ладење, миење, делови од производи, одржување на простори и околина, миење на возила и слично. Карактерот, количините и начините на обработка на сите води кои се користат во индустриските објекти не е дефинирано. За таа цел е потребно да се дефинира количината на отпадна вода, кои процеси за обработка се применуваат, каде се испушта отпадната вода и начинот на третман на истата.

Преку оценка на сегашната состојба и анализа на трендови на промена на состојбата на медиумите од животната средина се дефинираат проблемите во животната средина. Точна идентификација на проблемите во животната средина е првиот чекор кон подобрување на животната средина и постигнување на одржлив урбан развој.

Преку оваа методологија се анализира поврзаноста помеѓу притисоците кои движечките сили ги вршат врз животната средина и чекорите кои треба да се преземат за да се намали притисокот (загадувањето) врз животната средина.

Имајќи ја во предвид брзата изградба на објекти за кои е потребна и соодветна инфраструктура, како одводна мрежа и потребата од дефинирање на постоењето на испусти надвор од централниот одводен систем и нивно елиминирање со цел заштита на подземните води и спречување на загадувањето на животната средина.

 

 

Споделете:

Scroll to Top