Search
Close this search box.

Известување од Министерството за труд и социјална политика за одржување на јавна расправа

Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ПУСУ Проект) кој се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предшколска возраст, Општина аплицираше со проект за изградба на нова детска градинка.

Согласно Оперативниот прирачник на проектот и Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за изградба на предушилишна инфраструктура Министерството за труд и социјална политика и Општината Кисела Вода,  организираат  јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за изградба на нова градинка и за документот  “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка”во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на веб страните на:Министерството за труд и социјална политика (http://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx) и на Општина Кисела Вода (http://kiselavoda.gov.mk//).

Јавна расправа организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Кисела Вода ќе одржи  на ден 09.08.2019 година со почеток во 11 часот во просториите на Општина Кисела Вода (Сала на Совет).

Вашите коментари во однос на  реализацијата на проектот и документот може да ги доставите во рок од 14 дена по одржување на јавната расправа до Наташа Тасевска Стојановска  на  следнава меил адреса  ntstojanovska@mtsp.gov.mk

 Министерството за труд и социјална политика

Споделете:

Scroll to Top