Search
Close this search box.

И учениците на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Кисела Вода се сретнаа со ракометарките на ЖРК „Вардар“

Со пуштени двесте црвени балони и навивачката химна на ЖРК „Вардар“, во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, во организација на општина Кисела Вода започна денешната средба помеѓу ракометарките и учениците од ова училиште. 

Видно возбудени,  учениците се запознаа, дружеа, фотаграфираа со своите спортски идоли, и со нив разговараа за случувањата на спортските терени, за време на натпреварите и на тренинзите.

– Сите деца се многу се среќни кога ќе дојде ракометар, а тоа значи дека следат ракомет сакаат да да учат, да тренираат – рече Алена Ихњева, лев бек во ЖРК „Вардар“.

– Многу сум среќна што децата сакаат ракомет и што добро знаат за ЖРК Вардар Да сакаат многу деца тренираат во школите за ракомет и ги повикувам децата да тренираат повеќе и да се занимаваат со спорт – нагласи Олга Черноиваненко, десно крило во ЖРК „Вардар“.

Ракометарките средбата ја искористија и да им поделат карти на учениците за претстојниот натпревар кој ќе се одигра во сабота помеѓу нив и екипата на ракометниот клуб Хипо. Главниот тренер на ЖРК „Вардар“, Индира Кастратовиќ, го изрази задоволството од ваквите случувања што ги организира општината во училиштата од овој дел на градот и уште еднаш ја нагласи важноста на спортот за здравјето на децата.

– Голема благодарност до општина Кисела Вода и до сите училишта во вашата општина што прават вакви проекти,а и ние како ракометен клуб,  ЖРК „Вардар“, сме тука за да ги мотивираме децата да се занимаваат со спорт – нагласи Индира Кастратовиќ, главен тренер во ЖРК „Вардар“.

Споделете:

Scroll to Top