Search
Close this search box.

Карта на општината

Карта на општината
Според Статутот на Општина Кисела Вода, подрачјето на Општината е утврдена со закон. Границата на Општината Кисела Вода започнува од надвозникот на железничката пруга и улицата “Трета македонска ударна бигада” (тромеѓе на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар) и се движи по трасата на старата железничка пруга до надвозникот на булеварот “Кочо Рацин”, се движи по улицата “Бихачка”, улицата “Црниче” и улицата “346” и излегува над институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС, односно на тромеѓето на општините Центар, Карпош и Кисела Вода, продолжува по гранизата на парк шумата “Водно” до локалитетот “Теферич”, продолжува по катастарската граница КО Сопиште и КО Драчево до железничката станица Срачево, свртува на северо-запад по железничката пруга Скопје-Велес, како граница со општина Аеродром до надвозникот на улицата “Трета македонска ударна бигада” (тромеѓе на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар).
(електронската верзија на картата на општината има своја легенда)

Споделете:

Scroll to Top