Информативна сесија на Општина Кисела Вода по повод стратегијата за развој на културата и културното образование ќе се одржи во четврток, на 16.02.2023 во Дом на Културата Билјана Беличанец Кисела Вода, со почеток во 10:45 часот.
Целта на раководството на општина Кисела Вода е зајакнување на локалната културна позиција на општината. Со позиционирање на културата како еден од главните столбови кои ќе го инспирираат развојот на општината, преку стручна анализа која беше спроведена во минатата година, раководството ќе ја презентира предлог „Стратегија за развој на културата 2023+“ пред стручната јавност и културните работници.
Оттука, Општина Кисела Вода ги поканува сите локални уметници, здруженија и организации кои работат во оваа сфера, да бидат дел од оваа информативна сесија на која ќе се презентира и дискутира и новиот конкурс за култура.