Search
Close this search box.

Миле Кузмановски, Сузана Спасовска и брачното дуо Силви бенд направија весела атмосфера на „Три круши“

Во рамки на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“, синоќа најквалитетните македонски музички имиња Миле Кузмановски, Сузана Спасовска и брачното музичко дуо Силви бенд ги забавуваа посетителите на месноста „Три круши“.

Богатата концертна вечер започна со Миле Кузмановски и неговиот бенд. Кузмановски својот концерт го почна со неговата позната песна „Еј огледало“, по која посетителите заедно со него ги пееја и останатите негови авторски песни „Крал без круна“, „Играј срце“, „Падни стани“, „Не кани ме“ и други.

По ова следуваше концертот на најпопуларната македонска фолк ѕвезда Сузана Спасовска, која повеќе од 30 години успешно ја негува и промовира македонската песна ширум светот. Уште на почетокот со изведбата на „Назад Калино моме“, Спасовска на „Три круши“ направи неверојатна атмосфера. Прославувајќи го својот роденден и именден, таа заедно со милениците на нејзините песни ги пееше веселите „Здраво живо домаќини“, „Твојте очи Лено мори“, „Дома си е дома“ и „Џингрлака Џикицак“.

На крајот, најпознатото брачно музичко дуо Силви бенд одржа прекрасен концерт. Влатко и Силви Плевнеш со настапот и веселата изведба на перформансот „Ромале“ донесоа многу позитивна енергија кај публиката. Тие ги испеаа преубавите песни од нивниот албум „Коштана“.

Во настапите  на изведувачите уживаше претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.

„Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ и следниот викенд на посетителите ќе им понуди одлични изведувачи. На 30.08.2019 година, во петок, во паркот „Македонија“ ќе настапат Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова. Веќе во сабота, на 31.08.2019 година, на затворањето на културната манифестација на „Три круши“ концерти ќе одржат Искра Трпева, КУД „Китка“, Мики Јовановски-Џафер и Ѓоко Танески. Концертите на двете локации ќе почнат во 20:00 часот.

Споделете:

Scroll to Top