Search
Close this search box.

Мултимедијален хепенинг во општина Кисела Вода

Музичко-ритмички точки, ликовни творби, дружење…

 И годинава, општина Кисела Вода во пресрет на завршувањето на учебната година, организираше мултимедијално случување, кое на едно место ги собра основците од училиштата во општината, од ДУРДМОВ ,, Димитар Влахов “, од ПОУ ,,Златан Сремец“ и дечиња од ,, Дневен центар за деца од улица “ во склоп на ЈДГ ,, Весели цветови “ објект ,, Сончоглед “.

 

Согласно програмата за култура, културни манифестации и творештво за 2015 година на  Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, темата на годинешниот хепенинг беше насловена ,, Зелено те сакам, зелена општино!“ 

 

Во комбинираната  техника темпера и поликoлор, младите креативци врз штафелаи дадоа свое видување на темата која е врзана со стремежот и заложбите на општината за чиста и здрава животна средина. Паралелно, се одвиваа музичко-ритмички точки- музички изведби на сплет од најголемите детски хитови, на популарни класици, модерни домашни и странски хитови…

Во текот на ова двочасовно случување, младите покрај тоа што имаа можност креативно да се изразат, меѓусебно се дружеа, што е примарната цел на оваа манифестација која општина Кисела Вода годинава  ја организира по петти пат.

Споделете:

Scroll to Top