Search
Close this search box.

Набавени се нови канти за отпадоци и контењери за домаќинствата од Кисела Вода

Подобрувањето на хигиената е од суштинско значење за животната средина и за здравјето на граѓаните.

? Со замената на старите и оштетени канти, воспоставуваме поефикасен и поеколошки начин за справување со отпадот.

? Со обезбедувањето на нови 1212 канти за отпадоци и 59 контејнери, сите домаќинства кои имаат оштетени канти ќе можат да ги заменат со нови преку пријавување во канцелариите на месните заедници низ општината.

☝️Старите канти, откако ќе бидат собрани, ќе бидат предадени на специјализирана фирма за рециклирање, со што дополнително ќе придонесеме за заштита на животната средина.

? Сакам да изразам голема благодарност до Министерството за животна средина за оваа значајна донација, но и да апелирам до сите граѓани да го одлагаат отпадот соодветно и да ги користат новите канти и контејнери наменски. Со тоа, не само што ќе придонесеме за чиста животна средина, туку и ќе го подобриме квалитетот на живот за сите нас.

❤️ Мојот народ заслужува!

Споделете:

Scroll to Top