Советот ги врши следните работи:
1. Донесува Статут на Општината;
2. Донесува Деловник на Советот;
3. Донесува Програма за работа;
4. Донесува Буџет на Општината и Годишна сметка на Општината;
5. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Општината, во рамките утврдени со Закон;
6. Донесува детални урбанистички планови и урбанистички планови за село и урбанистички планови вон населени место;
7. Донесува Програма за уредување на градежното земјиште;
8. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата, локалниот економски развој, културата, спортот и рекреацијата; социјалната заштита и заштита на децата, образованието, здравствената заштита; во рамките на надлежноста определена со посебен закон или во согласност со национална програма;
9. Донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици;
10. Донесува Програма за јавно осветлување;
11. Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални водоводи;
12. Донесува Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта;
13. Го уредува начинот на чистењето на оџаците;
14. Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на неговото користење од локално значење;
15. Одобрува Програма за одржување и користење на парковите, зеленилото и други јавни рекреативни површини од локално значење;
16. Го уредува одржувањето на гробиштата, како комунална дејност и јавна функција;
17. Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација, на предлог на Градоначалникот;
18. Основа јавни служби и врши надзор над нивната работа;
19. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
20. Усвојува Програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала;
21. Усвојува извештаи за извршување на Буџетот и годишната сметка на Општината како и извештаи за извршување на годишните програми на Општината;
22. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со Закон;
23. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала;
24. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Општината;
25. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на Општината, во согласност со Закон;
26. Со одлука ја утврдува висината на комуналните такси и надоместоци;
27. Формира Комисија за утврдување на пазарната вредност на имот според пропишаната Методологија од страна на Владата на Република Македонија и ги утврдува стапките на даноци на имоти;
28. Го определува работното време на занаетчиските дејности во зависност од месните обичаи во општината;
29. Усвојува План за мерки и активности за надминување на финансиската нестабилност на општината предложен од градоначалникот кој е задолжителен за општината;
30. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во Општината, во согласност со Закон;
31. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на Општината, кој го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот Правобранител;
32. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
33. Избира и разрешува претседател на Советот;
34. Формира постојани и повремени комисии;
35. Врши одделни овластувања во согласност со Закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на Општината;
36. Востановува општински признанија и награди;
37. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на Општината;
38. Врши други избори и именувања од своја надлежност;
39. Донесува други прописи за работите од своја надлежност;
40. Донесува Програми за дезинфекција и дератизација, и
41. Донесува и други програми, прописи, предлози и врши други работи по иницијатива на градоначалникот или стручните служби на општината;
42. Врши и други работи.