Search
Close this search box.

На атлетскатата трка ,,Ѓурѓовден 2014“ доминираше ,, Шапкарев“

На  уличната атлетска трка ,,Ѓурѓовден 2014“, во организација на одделението за спорт на општина Кисела Вода,  што се одржа на улицата ,,Ратко Митровиќ“ во Драчево,  доминираа  учениците на ОУ ,, Кузман Шапкарев“. Инаку, на пет трки учество земаа преку 200 ученици од основните училишта кои гравитираат во општина Кисела Вода. Најголем успех остварија учениците на ОУ ,,Кузман Шапкарев“, кој  триумфираа во четири трки.

-Сите честитки до моите ученици кои одлично ги истрчаа трките. Се подготвувавме подолго време за овој кроз и сметам дека резултатите се одраз на желбата и квалитетот на учениците кои самопрегорно го посакуваа триумфот – задоволно константира Драгољуб Ѓорѓевиќ,  професор по физичка култура од ОУ ,,Кузман Шапкарев“.

Со  по едно прво, второ и трето место во вкупниот пласман , ОУ ,,Круме Кепески“ го освои второто додека,  со  освоено две втори и едно трето место, ОУ Кирил Пејчиновиќ се закити со третото место.  

-Од денешната масовност, може да се заклучи дека едноставно недостасуваат вакви атлетски  трки. Учениците се покажаа во вистинско натпреварувачко светло. Овде, на трката, продефилираа многу таленти. Желбата на секој од нив беше да стигне прв до целта, па од тој аспект, верувам дека и во иднина ќе бидеме партнери на општина Кисела Вода во организацијата на вакви и слични атлетски настани – на крајот од трките, истакна главниот  судија на атлетската трка ,, Ѓурѓовден 2014“ Трајче Панковски од атлетскиот адреналински клуб Трекс.

На крајот од трката, медалите  на најуспешните во поединечна конкуренција им ги поделија: Ристо Димов  претседател на МЗ Бобан Трпков – Драчево, Трајко Панковски претставник на атлетскиот клуб ,,Трекс“ и Милован Матовиќ претставник на Одделението за спорт на ОКВ.

Во поединечна конкуренција се постигнаа следните резултати:

500 м.(девојчиња)

1.            Ана Марија Коларовска (ОУ К.Шапкарев)

2.            Тамара Митревска (ОУ К.Кепески)

3.            Тијана Тосева (ОУ К.Кепески)

 600 м. (момчиња)

                1.Мемед Мемед (ОУ К.Шапкарев)

                2.Филип Костов (ОУ.К.Пејчиновиќ)

                3.Антонио Велевски (ОУ.К.Шапкарев0

700м. (девојчиња)

                1.Сара Коларовска (ОУ.К.Шапкарев)

                2.Нора Јаневска (ОУ.К.Шапкарев)

                3.Викторија Крстева (Оу К.Шапкарев)

700 м. ( момчиња)

                1.Јорго Папули (ОУ. К. Кепески)

                2.Алек Митев (ОУ.К.Шапкарев)

                3.Стефан Стојанов (ОУ. К.Кепески)

 

  800 м (момчиња)

                1.Никола Димовски (ОУ.К.Шапкарев)

                2.Томче Гроздановски (ОУ.К.Кепески)

                3.Илија Мелоски (ОУ.К.Ј.Питу)

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top