Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Одбележувајќи го овој голем ден се сеќаваме на ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј.
Св. Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Учествувале во повеќе мисии за ширење на писменоста и христијанството. Најважна за двајцата браќа, за иднината на сите Словени била Моравската мисија. Кирил ја составил првата словенска азбука (глаголицата), а за нејзино составување го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.
Браќата Кирил и Методиј се родени во Солун во угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Најстариот од седумте деца, Методиј е роден околу 815 година, а најмладиот Константин во 826/27 година.
Нека ни е честит и вековит Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.