Search
Close this search box.

Неколку делови од општина Кисела Вода утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека во текот на утрешниот ден, неколку делови од општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има  од 9 до 10 часот на  улицата „Саса“ крак 4 и 2 во населба Пинтија.

Во периодот од 9 до 15 часот, струја ќе немаат корисниците од ул. „Христо Татарчев“ бр. 22 (до хотел “Најс”).

Прекините во снабдувањето со електрична енергија се поради технички зафати во електроенергетската мрежа.

Споделете:

Scroll to Top