Search
Close this search box.

Неколку улици од Кисела Вода без вода за пиење

Неколку скопски улици денеска ќе бидат без вода за пиење поради санирање на дефекти, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица “Наум Охридски”, без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од истоимената улица од 10:10 часoт, па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-2 цола на улица “Христо Татарчев” крак 25 број 109, без водоснабдување ќе останат корисниците од крак 25 и 27  од 11:00 часoт па се до санирање на дефектот.

Споделете:

Scroll to Top