Продолжуваат активностите на општина Кисела Вода за подобрување на условите во училиштата на нејзина територија. Во левото крило на училишната зграда на ОУ “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево, заврши поставувањето на нова електрична инсталација.
Општина Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со УСАИД, преку проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, согласно кој, фирмата изведувач “Макотерм-Скопје”, избрана на тендер од страна на УСАИД, во левото крило на училиштето постави нова електрична инсталација и електро опрема.
Вкупната вредност на овој прoект изнесува 1 356 000 денари. Од нив, УСАИД обезбеди 1 200 000 денари, а општината дополнително учествува со 10% од оваа сума. Интервенциите во електричната инсталација се изведуваа по проект на ДАДИТИА “Архитектри” ДОО Скопје, за кој финансиските средства ги обезбеди училиштето.
Во ОУ “Кузман Шапкарев”, настава посетуваат 660 ученици.