Search
Close this search box.

Нови содржини за жителите на селото Драчево

 Жителите на село Драчево ќе добијат ново место за прошетки и рекреација.

 

Општина Кисела Вода отпочна со изградба на пешачка патека долж каналот на реката Мала Рада.  Ќе се протега во должина од околу 530 метри, ширина од 1.80 метри и ќе биде поплочена со павер елементи. Љубителите на пешачењето и рекреацијата, патеката ќе можат да почнат да започнат да ја користат до крајот на идната недела, кога треба да завршат градежните активности на фирмата “Пелагонија Гостивар”.

 

За изградбата на оваа пешачка патека, општина Кисела Вода од својот буџет издвои 2 123 000 денари.

Споделете:

Scroll to Top