Search
Close this search box.

Нови 40 ваучери за новороденчиња доделени во општина Кисела Вода

Денес во Големата сала на општина Кисела Вода беа доделени нови 40 ваучери за новородените деца од овој дел на градот. Со тоа, бројот на семејства на кои општината им доделила еднократна парична помош се искачи на 1140.

 Одлуката за јавно доделување на ваучери за еднократна парична помош на семејствата кои имаат принова, се спроведува веќе две години, е со цел да им се излезе во пресрет на семејствата за нивните првични потреби кои доаѓаат со новороденчето. Истата ќе се запази се до крајот на мандатот на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.

Споделете:

Scroll to Top