Search
Close this search box.

Одбележан „Светскиот ден на спортот“ во општина Кисела Вода

На денешното традиционално одбележување на меѓународниот ден на спортот кој се оддржа во Кисела Вода во спортската сала Независна Македонија настанот го збогатија претседателот на МОК господин Васил Топурковски и Генералниот секретар Сашо Поповски.

Општината на господинот Васил Топурковски му го честита трофејот  „Пјер Де Кубертен“ добиен од интернационалниот олимписки комитет доделен за развој на олимпизмот.

Централно место во одбележувањето на овој ден беше кошаркарскиот натпревар помеѓу ОУ „Круме Кепески“ и ОУ „Партенија Зографски“.

Настанот беше збогатен со музичка изведба на учениците од хорот од ОУ Кирил Пејчиновиќ и учениците од ОУ Невена Георгиева Дуња.

Споделете:

Scroll to Top