Search
Close this search box.

Од денес, петок, започнува пријавување за бесплатно подигнување на кабаст отпад во сите населби во Кисела Вода

Нова акција за собирање на кабаст отпад ќе се одржи во општина Кисела Вода. Како дел од бројните активности за заштита на животната средина, во периодот од 27 мај до 07 јуни во сите месни и урбани заедници на територија на општината, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно бесплатно ќе го подигаат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради.

Пријавувањето започнува утре, петок, 17 мај, и ќе трае една седмица, односно до 23 мај 2024. Секој жител на општина Кисела Вода кој поседува кабаст отпад и сака истиот да биде подигнат и депониран на соодветна локација, ќе може да закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Кабастиот отпад треба да биде поставен пред објектот кој е претходно договорен, на безбедна локација со што не би се загрозила безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во тој период.

Само со одговорно однесување на секој поединец заеднички ќе можеме да ја одржуваме Кисела Вода чиста и уредна. Зачувувањето на природата и животната средина е наша заедничка обврска и одговорност. Затоа апелираме до сите граѓани да се приклучат на оваа акција. Поддршката и заедничката ангажираност се од суштинско значење за нашата заедница.

Споделете:

Scroll to Top