Search
Close this search box.

Од објектот кој штеди енергија на повеќе нивоа, испратена порака за спас на планетата Земја!

Општина Кисела Вода во соработка со AД “Цементарница Усје”, денес организираше еколошко- едукативен настан, во пресрет на најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер Ден на планетата Земја, која се одржува утре.

 50тина ученици од ПОУ “Кузман Јосифовски-Питу” во населбата Црниче денес учествуваа во интерактивно предавање на тема Штедење на енергија во контекст на заштита на животната средина. Предавачот Наташа Бакреска Кормушоска – менаџер за животна средина од Цементарница Усје, компанијата која е е меѓу првите кои во целост ја имплементираа Еколошката А дозвола, пред учениците од трето, четврто и петто одделение зборуваше на тема ефект на стаклена градина, климатски промени и намалување на нивото на стакленички гасови во атмосферата.

Учениците од своја страна, дадоа свои креативни решенија за заштеда на енергијата- исклучување на електричните и електронски уреди кога не се користат, користење на јавен превоз и велосипед наместо автомобил, садење на дрвја кои го апсорбираат јаглерод диоксидот од атмосферата, рециклирање на отпадот и информирање на  јавноста за позитивните ефекти од намалувањето на климатските промени.

Инаку, ПОУ “Кузман Јосифовски-Питу” во населбата Црниче, во кој е сместена и градинката Перуника е објект во кој се применети буквално сите мерки за енергетска ефикасност, односно е е целосно енергетски ефикасен. Покрај тоа, општина Кисела Вода неодамна, тука изврши комплетна замена на системот за греење и воведе нов, комплетно енергетски ефикасен метод на греење со биомаса, користејќи овошни семки и пелети како енергенс. Со тоа, финансиските заштеди во потрошувачката на топлинска енергија се околу 80%, а штетните емисии на јаглероден диоксид се сосема избегнати, што е огромен придонес во заштитата на животната средина. Истиов систем на загревање ќе биде применет и во уште две други градинки во Драчево.

Општина Кисела Вода би сакала да ги повика сите жители од ова подрачје утревечер, во 20:30, симболично да го исклучат на осветлувањето во период од еден час и со тоа да испратат силна порака за спас на планетата Земја.

Споделете:

Scroll to Top