Денес ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Кисела Вода со фестивал на таленти прослави 74 години од постоењето.
Градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски во училиштето ја проследија богатата забавна програма која учениците ја подготвија заедно со своите наставници.
Присутните имаа можност во живо да слушнат многу популарни македонски и странски хитови, како и да видат прекрасни ритмички изведби.
Минатата година Општина Кисела Вода во соработка со Цементарница УСЈЕ АД Скопје на училиштето постави нова термоенергетска фасада, а изработени и монтирани беа нови олуци. Локалната самоуправа целосно ја реновираше и училишната спортска сала.