Search
Close this search box.

ООУ „Климент Охридски“ од село Драчево едно од трите најчисти и најбезбедни училишта

Втора година по ред, ООУ „Климент Охридски“ од село Драчево е во трите најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2014/2015 година. Ова се резултатите од натпреварот „Најбезбедно и најчисто училиште“ што се спроведува втора година по ред од страна на Министерството за образование и наука и ОБСЕ.

 

Изборот на најбезбедно и најчисто училиште го изврши стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во самите училишта.

На свеченоста, на која им беа доделени признанијата на директорите на училипштата, присуствуваа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ Маријане Берец.

Според министерот Адеми,  училиштата мора да бидат безбедни и хигиената да е највисоко ниво за да можат непречено да се реализираат сите активности поврзани со воспитно-образовниот процес.

„Наша задача е да се грижиме за безбедноста на секое училиште, но исто така, заедно работиме и на подигнување на свеста на учениците кога станува збор за одржување на хигиената во нивните училници, во училишните дворови и училишните спортски сали“, рече Адеми.

Амбасадорката на ОБСЕ посочи дека постојат многу причини училиштата да бидат безбедни и чисти.

„Сега имаме навистина добри примери на соработка меѓу учениците, родителите и наставниците и се надевам дека тие примери ќе ги следат и останатите затоа што добрите практики ќе станат дел од културата. Познатиот филозоф и наставник Аристотел рекол дека добрите практики кои се креираат во младоста ја прават целата разлика“, рече амбасадорката Берец.

Инаку, покрај ООУ „Климент Охридски“ – с.Драчево, кое го освои второто место, во конкуренција беа и други 17 основни училишта. за најбезбедни и најчисти училишта избрани првото место му припадна на ОУ „Владо Кантарџиев“ – општина Гевгелија, а третото му припадна на ООУ „Климент Охридски“ – општина Македонски Брод.

Споделете:

Scroll to Top