Утре, среда, 24.04.2019, со почеток во 10 часот, Општина Кисела Вода заедно со ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и градот Скопје, организира масовна акција за чистење диви депонии. Акцијата ќе се одвива на повеќе локации низ цела Општина Кисела Вода, а собирно место ќе биде платото пред ресторанот “Ексклузив”.
Учество ќе земат градоначалникот и другите раководни органи на Општина Кисела Вода, администрацијата на Претпријатието и Општината, јавни личности, студенти од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта. Целта на настанот кој ќе се одвива под името “Биди дел од чиста иднина” е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните. Општина Кисела Вода ги поканува сите свои жители да се придружат на оваа иницијатива и со своето присуство да испратат јасна порака за важноста од совесното постапување со отпадот.