Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода го започна роденденот со награди за најталентираните ученици

Во рамките на одбележувањето од 60 годишното постоење на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, денес традиционално им додели награди на најталентираните ученици од општината. Како дел од стратегијата за развој на научната мисла на овие простори, во рамки на проектот „Општината ги стипендира најдобрите“ еднократни парични награди во износ од по 10.000 денари, меѓу кои и три екипни од по 15 000 денари, и им беа доделни на 75 -те најталентитрани ученици од општината, кои во периодот од 2014/2015 година освоија награди на натпреварувањата од областа на науката, спортот, културата и уметноста.

 

-Личните достигнувања во областа за која сте најталентирани, се сами по себе награда. Паричните средства што општина Кисела Вода денес ви ги доделува како признание, треба да бидат стимул за да продолжите и понатаму да работите, да се развивате и да бидете референтна точка за сите ваши наследници во училишните клупи, нагласи градоначалникот Беличанец – Алексиќ.

На крајот од цермонијалното доделување на наградите Беличанеќ – Алексиќ на најталентираните ученици им честиташе за постигнатите успеси и им порача и во иднина да продолжат по патот по кој зачекориле.

Споделете:

Scroll to Top