Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода го одбележа Денот на водата

Одделението за предучилишно воспитување при Општина Кисела Вода, традиционално секоја година го одбележува Светскиот ден на водата 22 март. Оваа година, со проектот КАДЕ ИМА ВОДА ИМА ЖИВОТ се одбележа во Зоолошката градина во Скопје во соработка со Здружението за заштита на животната средина Нов Импулс и главните актери на настанот, децата од ЈДГ 8 Март со нивните воспитувачи, негуватели, стручниот тим на градинката и директорката.

 

 Заеднички, го направија настанот величествен како што и заслужува водата.Задоволство беше да се видат на едно место толку родители, баби, дедовци, сите среќни и задоволни во едночасовното заедничко дружење со своите деца и внуци.

 На крајот од манифестацијата сите деца добија подарок, специјално дизајниран календар со обележани важни светски датуми за заштита на животната средина и брошура со 100 факти за водата од Нов Импулси, како и балони од ЗОО Скопје.

Споделете:

Scroll to Top