Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода го одбележа Националниот ден на Унгарците

Со положување свежо цвеќе на спомен плакетата на унгарскиот поет и револуционер Шандор Петефи, општина Кисела Вода денес го одбележа Националниот ден на Унгарците, 15 март. Петнаесетти март е денот кога во 1848 година е започната Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна Унгарија.

 Свежо цвеќе на спомен плакетата на  Шандор Петефи, која се наоѓа на истоимената улица во населба Драчево, покрај Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при општина Кисела Вода, положија и амбасадорот на Унгарската амбасада во Република Македонија неговата екселенција д-р Јожеф Бенце како и  претседателот на здружението на Унгарците во Македонија Јожеф Шутуш.

Пред присутните граѓани на настанот имаше обраќање амбасадорот на Унгарската амбасада во Р.Македонија, кој истакна дека е задоволен од општина Кисела Вода која продолжува со негување на културните и историските традиции на Унгарците кои живеат на територијата на Република Македонија, со што дава свој значаен придонес во зближувањето на двата народа, унгарскиот и македонскиот.

 

Споделете:

Scroll to Top