Општина Кисела Вода отпочна со чистење на каналот на реката Мала Рада. Екипите на фирмата Водостопанство Скопско поле, ангажирани од страна на општината работат на расчистување на згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и на целиот отпад фрлен од несовесните граѓани, кои можат да влијаат врз намалување на пропусната моќ на оваа река, а со тоа и нејзино излевање во случај на обилни врнежи. Акцијата што е започната деновиве ќе трае до крај на месецов.
Превентивното чистење на каналите во летниот и почетокот на есенскиот период е редовна активност на општина Кисела Вода, за која годишно се издвојува околу 4 милиони денари.
Во насока на спречување на излевање на коритото при евентуални обилни врнежи и настанување на поплави, пред околу еден месец, беше исчистен и каналот за отпадни води во месноста “Потстаница” (Црниот канал).
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.