Семејства од социјално ранливите категории ќе добијат огревно дрво од Општина Кисела Вода-истакна денес на прес конференција градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.
Согласно одлуката на оваа локална самоуправа, која е поддржана од Советот на Општината, за доделување на огревно дево, можат да аплицираат приматели на постојана парична помош, корисници на социјална парична помош и самохрани родители кои заедно со барањето ќе ја достават потребната документација.
-На 5-тата седница на советот на Општина Кисела Вода е донесена одлука за доделување на огревно дрво за најранливите категори на жителите на Општина Кисела Вода, така што, сакам да пратам апел до сите граѓани кои се приматели на постојана парична помош, социјална помош и кои се самохрани родители, во наредните 5 дена да аплицираат, да поднесат барање до месните заедници на Општина Кисела Вода или да аплицираат во просториите на Општина Кисела Вода за доделување на огревно дрво кое со распределба на буџетските сретства е обезбедено од страна на општина Кисела Вода. Се што дополнително треба, можат да го најдат на сајтот на општината, а барањата можат да ги подигнат и во месните заедници-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.
Додаде дека за оваа намена, годинава Општина Кисела Вода предвиде 1.000.000 денари, со кои ќе се обезбедат 360 кубика дрва, кои потоа ќе бидат рапределни на социјално ранливите категории, поточно на семејствата на кои најмногу им се потребни.
Рокот за поднесување на барањето со потребната документација е најдоцна до 15.01.2018 година до 16:30 часот, во архивата на Општина Кисела Вода секој работен ден од 08:30 часот до 16:30 часот. Дополнителен критериум на доделување на огревното дрво за барателите кои ги исполниле погоренаведените критериуми е „прв дојден – прв услужен“.
Огласот за доделување на огревно дрво на семејства од социјално ранливи категории со потребните критериуми е достапен на општинската веб страница, на следниот линк:
Оглас за доделување на огревно дрво на семејства од социјално ранливи категории