Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода започна со пролетна дератизација

Општина Кисела Вода од денес, спроведува дератизација на јавните површини на нејзината територија.  Постапката за уништување на  глодарите започна од урбаната заедница Пржино, а со истата, во наредните две седмици ќе бидат опфатени јавните површини и низ останатите месни и урбани заедници низ општината.

 

Дератизацијата ја спроведува ЈЗУ Центар за јавно здравје  во соработка со ЈП Водовод и канализација и општина Кисела Вода, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина.

Мамците против штетните глодари ќе бидат поставени во 3863 шахти. Во денешната акција, беа опфатени 188 шахти.

 

Споделете:

Scroll to Top