Обележано возило на Црвениот крст ќе патролира низ најфреквентните улици во Општина Кисела Вода во деновите кога температурите ќе бидат над 35 степени, до граѓаните ќе се дистрибуира и ќе се дели студена вода за пиење, ќе се даваат медицински совети на оние кои ќе се пожалат на тегоби.
За потешките случаи е обезбеден и транспорт до нивниот дом. Овие активности се дел од проектот “Топлотен бран” кој Општина Кисела Вода и годинава го спроведува во соработка со општинската организација на Црвениот Крст-Кисела Вода заради полесно справување со високите температури.
Во рамките на истиот, совети и корисни информации поврзани за превенција од евентуални несакани последици по здравјето поради високите температури, од страна на дежурен лекар, граѓаните можат да добиваат на броевите 02 3211417 и 071289203, секој работен ден, во периодот од 11 до16 часот.
Се работи за проект во кој локалната самоуправа учествува со кофинансирање, а истиот е содржан во Програмата за 2018 год. на Сектор за месна самоуправа и социјална грижа, заедно со општинската организација на Црвен Крст на Кисела Вода.