Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода обезбеди парична и помош во расчистување на опожарениот објект во Драчево

По вчерашното опожарување на барака на улицата ул.”Методија Патчев” во Драчево, која речиси сосема изоре, денес, сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода вршат целосно расчистување на опожарената покуќнина и другите остатоци.

 

Пожарот настана во текот на вчерашниот ден и беше брзо угасен од страна на противпожарната бригада. За среќа, нема повредени лица и штетата, иако огромна, е само материјална.

Од страна на службите кој вчера ги посетија сопствениците на објектот, им беше кажано дека можат да сметаат на поддршката од Општина Кисела Вода и дека ќе добијат еднократна парична помош.

 

Споделете:

Scroll to Top