Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода привршува со активностите за реконструкција на патот во Аџево

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Дарко Филиповски, извршија увид во завршните активности за реконструкција на патот во Аџево.

Реконструкцијата на улицата во должина од 550 метри и ширина од 4,5 метри заеднички ја вршат Општина Кисела Вода и Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Покрај патот ќе бидат поставени и стабилизирачки банкини. Првата фаза од реконструкцијата ќе заврши денес.

Во периодот што следува, Општината планира да продолжи со реконструкција и на останатитиот дел од патот.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top