Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода со поддршка на кампањата против семејно насилство

Општина Кисела Вода се приклучува кон Кампањата за превенција и заштита од семејно насилство, подготвена од Министерството за труд и социјална политика заедно со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во знак на поддршка, го споделуваме видеото изработено за информирање на општата јавност и на жртвите на семејно насилство каде да се обратат и каква помош можат да добијат.

Видеото е достапно на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=OiCv-vjFZbY&feature=youtu.be

Уште еднаш, потсетуваме дека семејното насилство е кривично дело.

Секој има право да го живее сопствениот живот безбедно и во согласност со своите потреби и затоа ги охрабруваме  жртвите на семејно насилство, но и сите граѓани кои се сведоци или имат сознанија за насилство,  да го пријават истото на СОС линиите, најблиската полициска станица, центарот за социјална работа, здравствена установа, за да можат стручните лица да постапат и да ги заштитат од сторителот на  семејното насилство.

Споделете:

Scroll to Top