Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода со уште еден приемен ден за граѓаните

Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за сите нивни проблеми, забелешки, сугестии и нови идеи што треба да го подобрат секојдневното живеење, општина Кисела Вода воведе нов приемен ден за жителите на оваа територија. Отсега, градоначалникот на општината, Билјана Беличанец- Алексиќ , секој понеделник и четврток, ќе има средби со граѓаните на кои ќе одговара на нивните прашања. Директен контакт со градоначалникот може да  се закаже на телефон 2785-400, по што ќе бидете телефонски контактирани за датумот и времето на средбата.

Споделете:

Scroll to Top