Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода спроведува пролетна дератизација на својата територија

Општина Кисела Вода започна со активности за пролетна дератизација за уништување на глодари на својата територија.

Имено, акцијата која утринава започна од населбата Драчево, во периодот што следува ќе се спроведе на јавните површини во сите месни и урбани заедници. Со пролетната дератизација ќе бидат опфатени вкупно 3863 шахти.

Истата ја спроведува фирмата Токси Вет, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина во соработка со ЈП Водовод и канализација.

Споделете:

Scroll to Top