Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода утре организира мултимедијален хепенинг во ДУРДМОВ “Димитар Влахов”

Утре, четврток, 28.05.2015, од 10:00 часот до 12:00 часот, во организација за Одделението за култура при општина Кисела Вода, во дворот на ДУРМДОВ “Димитар Влахов”, по петти пат  ќе се реализира  ,,Мултимедијален хепенинг”.

Учесници ќе бидат ученици од  сите основни училишта во општина Кисела Вода, од ДУРДМОВ ,, Димитар Влахов “  од ПОУ ,, Златан Сремец “ и дечиња од ,, Дневен центар за деца од улица “ во склоп на ЈДГ ,, Весели цветови “ објект ,, Сончоглед “.

Во пресрет на одбележувањето на јубилејот-60 години постоење на општина Кисела Вода, темата на која тие музички и ликовно ќе се изразат е насловена: “Зелено те сакам, зелена општино!”.

 

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Споделете:

Scroll to Top