Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода ја асфалтира улица “Румена Хаџипанзова” во населбата Драчево

Увид во градежните активности за асфалтирање  на улицата “Румена Хаџипанзова” во населбата Драчево, денес изврши градоначалникот на општина Кисела Вода.

 

Откако пред две години, на оваа иста локација,  општина Кисела Вода изгради примарна фекална канализациона мрежа во должина од околу 450м, со што се стави крај на долгогодишниот проблем на околу 80 семејства со адреса на оваа улица, настанат поради непостоење на фекална канализација и користење на септички јами, сега веќе “Румена Хаџипанзова” ќе биде и асфалтирана.

Во моментов се вршат подготвителни активности за асфалтирање. По отстранувањето на постоечкиот оштетен асфалт, во завршна фаза е тампонирањето, по што следи и проширување на улицата, а потоа ќе се премине кон асфалтирање.

Асфалтирањето на површина од околу 800 квадратни метри е финансирано од општина Кисела Вода. Паралелно со овие градежни активности, на истата локација, до игралиштето ССК, се работеше и на расчистување на дивата депонија која се наоѓаше во непосредна близина.

Споделете:

Scroll to Top