Search
Close this search box.

Општина Центар на купот Св. Георги освои прво место во кошарка

Во рамки на купот Св.  Георги денес во спортската сала „Независна Македонија“ се одиграа финалните кошаркарски натпревари.

Учениците од Општина Центар во борбата за првото место убедливо ја победија екипата од Гази Баба, со резултат 61-35. Додека, момчињата од Општина Карпош во пресеметката за второто место го надиграа тимот на Кисела Вода со резултат, 55-33.

Пехарите и дипломите на најдобрите им ги подели шефот на кабинет на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Горан Петковски.

Утре на купот Св. Георги ќе се игра женска одбојка. Воедно, денес во Кисела Вода на шаховската лига за пензионери се одиграа 11, 12 и 13 коло. Лигата ќе заврши во петок.

Споделете:

Scroll to Top