Search
Close this search box.

“Отворени денови со катастарот” во општина Кисела Вода

Потребна документација за впишување имоти за легализација, приватизација на дворни места, барања за појаснување на постапки – беа само дел од прашањата кои жителите на општина Кисела Вода ги упатија до тимовите од Катастарот денес, во Големата сала на општината.

 Во рамките на “Отворени денови со Катастарот“, кои ги спроведува општина Кисела Вода во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности, граѓаните се консултираа и добија одговори од стручните служби за решавање на своите проблеми. 

Воедно, со своите предлози и сугестии за услугите што би можеле да се воведат и понудат, граѓаните имаа можност да допринесат и за подобрување на работата на Катастарот и неговото поголемо доближување до нив.

Општина Кисела Вода ги известува жителите на Драчево, дека следниот петок, 27.03.2015 година, во истиот термин, од 09 до 17 часот, во месната заедница во населба Драчево, ќе се реализираат нови вакви отворени денови, преку кои граѓаните, во близина на своето место на живеење ќе можат да добијат одговор од сферата на Кастарот.

Споделете:

Scroll to Top