Во среда, на 12 февруари, во периодот од 09:00 до 18:00 часот, жителите на село Драчево ќе можат непосредно пред преставниците од Катастарот да ги презентираат своите проблеми од областа на имотно-правните односи, барањата за легализација, добивањето на имотните листови. Работните средби со граѓаните ќе се одвиваат во просториите на Центарот за катастар на недвижности-Скопје, на ул. “Дрезденска” бб, (кај Педагошкиот факултет). Истите, претходно треба да се закажат на телефоните 02/3097-300 и 3097-337 од 10 до 15 часот. Од Агенцијата за катастар на недвижности информираат дека ова е седма година откако оваа институција спроведува контролно-работни посети на катастрите низ Македонија.