Со свечена приредба, во присуство на голем број гости, ОУ “Невена Георгиева Дуња”, ги прослави 50те години континуитет и успех, половина век постоење и активно работење на полето на образованието и воспитанието на многу генерации.
– Јасно определуваните цели низ 50-годишното постоење на училиштето претставуваат предизвик за наставниот и раководниот кадар и стимулираа акција (дело): знаеме каде сакаме да одиме и што сакаме да постигнеме (резултат). Вработените во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ верувајќи во своите професионални квалитети и предиспозиции имаат јасна цел пред себе да ги соединат искуството на возрасните и ентузијазмот и амбицијата на младите во тимска работа како значаен белег на едно современо и модерно училиште, кое ќе ги негува и развива хуманите вредности и чувства кај новите генерации-истакна во своето обраќање директорот на училиштето Зорица Русевска.
Доделувајќи им благодарници на сите оние кои дале свој печат во развојот на наставниот процес и афирмацијата на училиштето, таа го потенцираше ангажманот на локалната самоуправа, улогата на градоначалникот на општина Кисела Вода, секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, соработката со МОН и БРО, како и соработката со родителите преку повеќе форми на нивно ангажирање и делување.
– Јасно поставуваните цели за унапредување на воспитно-образовниот процес се единствениот начин да се воспостави врска помеѓу бројните задачи од денешниот ден, чие што реализирање претставува утрешен успех-потенцираше директорот Русевска.