Search
Close this search box.

Пехар за кошаркарскиот тим од ОУ „Рајко Жинзифов“

Денеска заврши турнирот во кошарка, што  е дел од спортската програма на општина Кисела Вода по повод патрониот празник ,,Ѓурѓовден“. 

Победници на кошаркарскиот турнир се кошаркарите на ОУ ,,Рајко Жинзифов“. Избраниците на тренерите Горан Андреевски и Јовица Ефтовски во финалето ги совладаа врсниците од ОУ,,Круме Кепески“ со резултат 37:19.

Предходно, во борбата за третото место во драчевското дерби  екипата на ОУ ,,Св Климент Охридски“ со резултат 26:19 славеше над ОУ ,,Кузман Шапкарев“.

Пехарите и дипломите на најуспешните им ги додели претседателот на Сојузот за училишен спорт на Град Скопје Панче Јакимовски. Инаку, утре на програмата е ракометното финале во женска конкуренција меѓу основните училишта ,,Круме Кепески“ и ,,Кузман Шапкарев. Натпреварот се игра со почеток во 12 часот во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“.

Споделете:

Scroll to Top