Традиционално, со собирање околу коледарските огнови, жителите на општина Кисела Вода вечерва ќе го отпочнат празнувањето на Бадник и големиот празник Рождество Христово – Божик. Како и секоја година, општина Кисела Вода, за сите централни огнови, во сите 15 месни и урбани заедници, обезбеди погача со паричка и шише вино. Воедно, за огновите, ќе им бидат доделени исечените суви и оштетени дрва од акцијата која неодамна во општина Кисела Вода се спроведуваше заедно со ЈП “Паркови и зеленило”.
Симболиката на празнувањето е радоста на христијаните пред Христовото раѓање , кое утринава ќе го најават децата коледарчиња.
Со желби за здравје и бериќет, општина Кисела Вода на сите православни Христијани им ги честита празниците!