Search
Close this search box.

Покана до медиуми

Ве покануваме да присуствувате на свеченото отворање на нови простории на Агенцијата за катастар на недвижности во населба Драчево.

Свеченото отворање ќе се одржи на 31.3.2015 (вторник)  во Месната заедница на населба Драчево (ул. „Иван Хаџиниколов“ бр.6 ) со почеток во 10.30 часот.

 Сѐ со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните од населба Драчево, Агенцијата за катастар на недвижности во соработка со Општина Кисела Вода одлучи да изнајде трајно решение за нивните потреби. Од утре (31.3.2015 година) Агенцијата за катастар ќе отвори траен шалтер во Месната заедница во населба Драчево каде што граѓаните ќе можат да поднесуваат барања, ќе ги добиваат потребните документи и ќе имаат можност и секојдневно да се консултираат со стручните лица од Катастарот во врска со нивните имоти.

На отворањето ќе присуствува  градоначалникот на општина Кисела Вода г-ѓа Билјана Беличанец – Алексиќ и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности г. Славче Трпески.

Споделете:

Scroll to Top